X
 06.10.2021 Култура

Симон Трпчески ја отвора новата сезона на Филхармонија

Со концерт на нашиот славен пијанист Симон Трпчески, под диригентската палка на Габриела Бебешелеа од Романија, утре во 20 часот, ќе почне новата концертна сезона на Македонската филхармонија. Трпчески ќе биде солист во изведбата на Пијано-концерт бр. 2 од Франц Лист на концертот „Данте 700“.

Насловот на новата концертна сезона на Филхармонијата е „Филхармонија во движење“, алудирајќи на тоа дека и во време на пандемија оваа установа не ги затвори вратите за посетителите, туку продолжи да ја реализира програмата.

Во новата концертна сезона ќе настапат Рајдаут (виола, Англија), Јеил Еум Сон (пијано, Јужна Кореја), Марија Солозлобова (виолина, Русија), Андреи Коробејников (пијано, Русија), Елишија Силверштајн (виолина, САД), Сајака Соџи (виолина, Јапонија) и славниот квартет „Баланеску“.
Со концерт на нашиот славен пијанист Симон Трпчевски, под диригентската палка на Габриела Бебешелеа од Романија утре во 20 часот ќе почне новата концертна сезона на Македонската филхармонија. Трпчески ќе биде солист во изведбата на Пијано концерт бр. 2 од Франц Лист на концертот „Данте 700“.

Насловот на новата концертна сезона на Филхармонијата е “Филхармонија во движење“, алудирајжи на тоа дека и во време на пандемија, оваа установа не ги затвори вратите за посетителите, туку продолжи да ја реализира програмата.

Во новата концертна сезона ќе настапат звучни солисти чки имиња како Тимоти Рајдаут (виола, Англија), Јеил Еум Сон (пијано, Јужна Кореја), Марија Солозлобова (виолина, Русија), Андреи Коробејников (пијано, Русија), Елишија Силверштајн (виолина, САД), Сајака Соџи (виолина, Јапонија), и славниот квартет „Баланеску“.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура