X
 06.10.2022 Живот

Стотици летови откажани поради штрајк на пилотите во Германија

Штрајкот на пилотите на нискобуџетната авиокомпанија „Еуровингс“ денеска ја принуди германската компанија да откаже околу 250 лета.

Подружницата на „Луфтханза“ соопшти дека околу половина од нејзините 500 дневни летови ќе бидат откажани, што ќе влијае врз десетици илјади патници.

Германските аеродроми ќе бидат најтешко погодени, но и многу други, пред сѐ, во Стокхолм, Прага и Мајорка.
Синдикатот на пилотите најави штрајк откако пропаднаа разговорите со раководството за подобрување на работните услови.

Пилотите бараат да се намали максималниот број на часови на летање.

Извор: МИА

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот