X
 30.07.2024 Живот

Авиокомпанија им овозможува на жените да избегнуваат да седат покрај мажи за време на летовите

Најголемата нискобуџетна индиска авиокомпанија „Инди го“ им обезбедува на жените мапа на која седиштата се означени со розова боја за време на процесот на издавање билети. На нив седат само жени. Мажите не можат да ги видат овие седишта и затоа не можат да ги резервираат. Од компанијата велат дека се одлучиле на овој чекор за да им овозможат на жените да се чувствуваат поудобно додека патуваат.

- Ова беше воведено врз основа на истражување на пазарот и моментално е во пилот фаза и е во согласност со нашиот етос „#GirlPower/Моќ на жените“. Ние сме посветени да обезбедиме неспоредливо патничко искуство за сите наши патници и оваа нова функција е само еден од многуте чекори што ги преземаме кон остварување на таа цел - наведуваат од компанијата.

Оваа опција ќе биде достапна на сите летови на компанијата многу наскоро. Реакциите се различни.

„Немам проблем со оваа политика ако им се дозволи на мажите да го прават истото“, „Што се случува кога мажите не сакаат да седат до жена?“, се дел од коментарите.

Извор: klix.ba

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот