X
 13.08.2018 Живот

„Визер“ ја прекина продажбата на билети до Барселона, Лондон и до Ваксјо

Нискобуџетната авиокомпанија „Визер“ од октомври повеќе не продава билети за авиолиниите од Скопје до Барселона и од Охрид до Лондон, јавува МИА.

На официјалната веб-страница на компанијата не може да се резервираат билети за овие дестинации од октомври, поточно последниот лет од Скопје до Барселона за кој може да се резервира билет е 26 октомври, а од Охрид за Лондон - 24 октомври.

Билети веќе не можат да се купат и за летовите од скопскиот аеродром до Ваксјо во Шведска по 16 септември.

Од компанијата нема официјална потврда зошто по овие термини не може да се резервира билет.

Македонската Влада го поништи последниот тендер за доделување субвенции за нискобуџетни летови, на кој единствена пријавена компанија беше „Визер“.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот