Ако досега не сте знаеле, универзитетите од целиот свет нудат бесплатни курсеви. Овие курсеви колективно се нарекуваат „МООС - Maсивни отворени онлајн-курсеви“.
Во изминатите шест години над 800 универзитети создале повеќе од 10.000 од овие онлајн-курсеви, додека во изминативе 5 месеци 190 универзитети ги објавија своите 600 бесплатни онлајн-курсеви. Така, можете да пронајдете онлајн-курсеви за компјутерски науки, математика, програмирање, наука за податоци, хуманистички науки, општествени науки, образование и предавање, здравје и медицина, бизнис, личен развој, инженерство, уметност и дизајн и наука.
За повеќето од овие курсеви темпото и брзината ги одредувате самите, така што можете да почнете да ги посетувате според вашето време. Во продолжение, ви нудиме дел од нив, а целосната листа можете да ја пронајдете
ТУКА.
Фото: Reuters
Програмирање
„CS50’s Introduction to Game Development“, од Универзитетот Харвард
„CS50’s Mobile App Development with React Native“ од Универзитетот Харвард
„Pixel Art for Video Games“ од Државниот универзитет во Мичиген
Инженерство
„Analysis of Transport Phenomena I: Mathematical Methods“ од Институтот за технологија во Масачусетс
„Engineering the Space Shuttle“ од Институтот за технологија во Масачусетс
„The Art of Structural Engineering: Vaults“ од Универзитетот Принстон
Компјутерска наука
„Machine Learning with Python: from Linear Models to Deep Learning“ од Институтот за технологија во Масачусетс
„Bitcoin and Cryptocurrencies“ од Универзитетот во Калифорнија, Беркли
Општествени науки
„Citizen Politics in America: Public Opinion, Elections, Interest Groups“ од Универзитетот Харвард
„Lean Research Skills for Conducting Interviews“ од Институтот за технологија во Масачусетс
Наука
„The Health Effects of Climate Change“ од Универзитетот Харвард
„Backyard Meteorolgy: The Science of Weather“ од Универзитетот Харвард.