Пазарот со криптовалути секојдневно расте и се менува, а популарноста на овие валути доведува до промени и во начинот на плаќање на студиите во некои земји. Универзитетот во Бјеловар, Хрватска, им нуди на студентите студиска програма за блокчејн-технологија, но од неодамна е овозможено и плаќање на партиципацијата со криптовалути.
- Нашите студенти по компјутерски науки и мехатроника многу се активни во таа сфера, а исто така дел од нив имаат криптовалути и може да ја плаќаат партиципацијата со криптовалути. Ова беше мотивација да бидеме поинакви и да понудиме плаќање на партиципацијата со криптовалути - изјавил продеканот за настава и студенти на универзитетот, Зоран Врховски.
Фото: Pixabay
Ова не е единственото место на кое хрватските студенти може да плаќаат со криптовалути. Студентскиот центар во Вараждин почнал да прима криптовалути за плаќање на оброците во студентскиот ресторан. Студентите може да купуваат оброци со криптовалути од 2020 година.
Студентскиот центар го овозможил ова на барање на студентите, открил директорот Ненад Милијаш. Тој објаснува дека плаќањето се прави со посебен терминал „Крипто ПОС“ кој ги пресметува цените според веб-страницата „Коинмаркеткап“, на која се прави менување од куни во криптовалути. Со овој терминал, на сметката на ресторанот стигнуваат куни, иако се плаќа со криптовалути.
Извор:
Moj Faks
Фото: Pixabay