X
 13.10.2015 Наука

Најзначајните и најголемите миграции во поновата човечка историја

Сведоци сме на најголемата емигратнска криза на овие простори после Втората светска војна, но во светски размери се работи за релативно помала флуктуација на населението.

 

1


Уште откако човекот застанал на нозе, зел остар камен и коска и започнал да создава оган, миграциите се едни од неговите главни активности и причина што пред неколку илјади години се насели секој континент (освен Антарктикот, но кој знае...) Сепак, во текот на долгата човечка историја се случија неколку епохалнимиграции на голем број луѓе почнувајќи од племињата од Африка, проширувајќи се низ целио свет.

Но, кои се најголемите миграции и преселувања на светското население во поновата човечка историја?

Населувањето на Северна Америка

 

1


Официјално, Енциклопедија Британика како најголема миграција во човечката историја ја признава Големата атлантска миграција која од 1820 до 1980 година од Европа во Северна Америка, првенствено во Америка, се преселиле околу 37 милиони луѓе. Оваа епска миграција се одвивала во два големи бранови - секој имал околу 15 милиони луѓе. Првиот се случил во средината на 19-от век, а главната причина била огромниот глад кој ги зафатил северните и западните делови на Европа, а тогаш бегалците главно биле Ирци, Германци и Холанѓани.

Вториот бран се случил кон крајот на 19-от и 20-от век, од истите причини, но овој пат емигрирале жители од Југоисточна и Источна Европа, како и од нашиот регион. Влијанието на овие миграции може да се почувствува и денес, особено во сферата на италијанските, ирските, германските, руските и другите малцински групи кои и понатаму ги негуваат своите обичаи и традиции.

Европската миграција после Втората светска војна

 

2


Хаосот кој во Европа го донесоа Германците и нивните фашистички колеги предизвикаа миграциски кошмар чиишто последици можат да се почувствуваат и денес.

Најлошо поминаа Германците населени во Полска, Украина, Чешка и други земји од Источниот Блок, а дури 16.5 милиони од нив биле протерани назад во Германија. Сегашните сознанија признаваат дека овој процес кој е најголемото етничко чистење во историјата на човекот, бил причина за изгубени околу 500.0000 човечки животи, а се претпоставува дека бројката надминува и 3 милиони. Од друга страна пак, започнало враќањето на бегалците особено Полјаците, кои барем 4 милиони биле вратени во нивните домови.

Поделбата на Индија и муслиманско-хиндуистичката миграција

 

3


Откако муслиманите неколку стотици години на нивниот грб изградиле раскошна империја, Британците во срединат ана минатиот век конечно морале да ја признаат Индија и нејзината независност, а најзначаен дел бил од 1947 година кога територијата е поделена на два дела - муслимански Пакистан и хиндуистичка Индија. Оваа груба и тотално непромислена победлба предизвика нетрпеливост и крвави конфликти од членовите на две големи екстремно насилни религиозни групи. Последица на ова биле 14.5 милиони раселени лица во двете насоки.

Прекуокеанска трговија со робје

 

4


Денешната Америка настанала, растела и се претворила во голема сила поради приливот на бесплатна работна сила од Африка кои ги превезувале бродовите во текот на 16-от до 19-от век. Историчарите не можат да се договорат околу бројките, меѓутоа направен е компромис меѓу 9 и 12 милиони луѓе. Посебно е шокантно што помеѓу 10 и 20% од робовите кои заминале од Африка никогаш не дошле до Северна Америка.

Ова и понатаму е болна тема за внатрешната политика на Америка, па ако од една страна имаме борци за човечки права кои не дозволуваат денешната „бела Америка“ да ги заборави злосторствата кои ги направиле врз африканските робови, од друга страна ги имаме расистите кои и денес се сметаат за супериорни над нивните темни браќа и сестри.

Враќањето на Евреите во Израел

 

5


Иако станува збор за релативно мала и слабо населена држава, Израел е познат како проблематично подрачје на кое единствено имаат право да поминуваат Евреи, што воедно значи и конфликт со секоја друга држава во регионот.

Работите стануваат сериозни во 1882 година кога доаѓа до масовно будење на еврејската свест за враќање во татковината, а клучниот настан се случува во 1948 година кога еврејската миграција со помош на Америка и Велика Британија ја основа државата Израел во оваа област, која во голема мера била населена од Палестниците. Палестина тогаш престана да постои, а до денес на ова подрачје емигрирале околу 3.6 милиони луѓе, од кои само еден милион се преселиле во последната деценија на 20-от век. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука