Цврстата кора на Марс се формирала набрзо по настанувањето на Сончевиот Систем, се истакнува во истражувањето во кое се претпоставува дека условите за настанок на живот се појавиле на Црвената Планета многу рано.
За да може да постои водата во течна состојба на планетата, потребна е цврста површина, односно кора.
- Нашите резултати упатуваат на тоа дека на Марс можеби постоеле океани и живот многу порано отколку на Земјата - изјави Мартин Бизаро од данскиот музеј за природна историја во Копенхаген, коавтор на истражувањето.
„Раното детство“ на Марс е откриено благодарение на анализата на неговиот метеор „NWA 7034“ пронајден во пустината Сахара и наречен Црната убавина.
Фото: Thinkstock
Од малиот примерок на тој метеорит биле издвоени седум циркони, од цврст минерал што преживеал различни геолошки процеси, а потоа бил анализиран од страна на научниците.
- Од тоа заклучивме дека површината на Марс за брзо време се кристализира: 20 милиони години по Сончевиот Систем, кој настанал пред 4.567 милијарда години - Марс имал цврста кора која била погодна за формирање океани и живот - вели Бизаро.
- Овие резултати во голема мера се разликуваат од постојните модели според кои зацврстувањето на планетата траело 100 милиони години - додаде тој.
Овие нови податоци значително ја прошируваат временската рамка во која би можела да има живот на
Марс. Црната убавица, откриена во 2011 година, била со тежина од 319,8 грама. Цената на еден грам се продавала по 10.000 евра.
Данскиот музеј купил 44 грама, од кои извадил пет циркони за анализа.