X
 09.08.2018 Наука

Овој викенд на небото нѐ очекува спектакуларен феномен!

Метеорскиот дожд Персеиди овој викенд ќе биде најзабележлив и најневеројатен.

Ќе го започне своето шоу во ноќите помеѓу сабота (11 август) и понеделник (13 август).

Годишниот метеорски дожд почнува да произведува „ѕвезди што паѓаат“ секоја година околу средината на јули, пред да стане поинтензивен. До средината на август Земјата ги спојува патиштата со орбиталните остатоци од кометата што спектакуларно го интензивира метеорскиот дожд. Кога е најинтензивен, персеидскиот метеорски дожд може да произведе до 100 метеори на час. Претходните метеорски дождови произвеле до 200 метеори на секој час, а оваа година астрономите се надеваат на 50 до 60 на час.

meteori
Фото: Getty Images


Се очекува овогодишниот метеорски дожд да биде особено блескав благодарение на затемнетата фаза на Месечината.

Според астрономите, метеорскиот дожд ќе биде најинтензивен в недела (12 август) и в понеделник наутро (13 август).
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука