Филмот „Армија на крадци“ на Зак Снајдер го зазеде првото место како најгледана содржина на „Нетфликс“ по речиси еден месец доминација на серијата „Игра со лигни“.
За кратко време
„Игра со лигни“ падна на второто место поради серијата „Ти“, но набрзо се врати на тронот, каде што остана до крајот на октомври, кога филмот „Армија на крадците“ конечно стана достапен за гледање.
Снајдер ја објави веста преку неговиот твитер-профил.
- „Армија на крадците“ е број еден во повеќе од 90 земји - напиша тој.
Заплетот на филмот, кој всушност е претходник на филмот „Армија на мртвите“, е сместен во раните денови на инвазијата на зомбиња во Лас Вегас. Приказната го следи Дитер, човек кој работи како касиер во банка, но чија специјалност е отворање сефови. Неговиот живот целосно се менува кога Гвендолин (Натали Емануел), криминалец баран од Интерпол, го контактира за да му предложи да отвори три од четирите сефа што ги создал Ханс Вагнер.
Филмот моментално има оцена 6,4 на IMDb, а на „Ротен томејтос“, веб-страница што собира критики од филмските критичари, филмот има 70 отсто успешност.
Фото: Screenshot/YouTube