X
 27.01.2017 Култура

Дали оваа е најубавата реакција на дваесеттата номинација за Оскар?


Мерил Стрип


Заедно со рекордот на филмот „La la land“ што оваа година собра дури 14 номинации за Оскар, годинашните номинации носат и уште неколку особености кои ќе бидат забележани во историјата.

Мерил Стрип ја доби дваесеттата номинација за Оскар во својата кариера, овој пат за улогата во филмот „Florence Foster Jenkins“ каде глуми жена која сонува да стане оперска пејачка и покрај својот ужасен глас.

Како реакција на дваесеттата по ред номинација, агентот за односи со јавноста на актерката, на медиумите им го пратил овој „GIF“ каде што сè станува јасно.



Од досегашните 19 номинации, Мерил Стрип е добитничка на три Оскари. Уште во 1980 таа ја освои златната статуетка за најдобра споредна женска улога во филмот „Крамер против Крамер“ (Kramer vs. Kramer), по што следуваше и Оскар за главна улога во филмот „Изборот на Софи“ (Sophie’s choice) во 1983 како и за главната улога во филмот „Челичната дама“ (The Iron lady) во 2012 година.

Заедно со големиот успех на Мерил Стрип, годинашните номинации се издвојуваат и по тоа што Виола Дејвис станува првата „обоена“ актерка која „заработила“ три номинации за Оскар. Без разлика дали ќе ја освои златната статуетка или нема да ја освои, нејзината номинација за најдобра споредна женска улога во филмот  „Fences“ е голем чекор во рушењето на перцепцијата што критичарите ја нарекуваа „бела доминација на Оскарите“.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура