X
 06.11.2024 Наука

Американската морнарица ставила камери на делфини - снимките се неверојатни

Радосни победнички крици се дел од првата снимка од делфини кои слободно ловат на брегот на Северна Америка.

Во 2022 година американската морнарица стави камери на делфини за научно истражување. Овие делфини се обучени да помагаат во идентификување подморски мини за да се заштитат некои од американските нуклеарни резерви. Потоа делфините беа пуштени на слобода да ловат во заливот Сан Диего.

Паметните морски цицачи не разочараа, нудејќи возбудливи брканици, па дури и таргетирајки отровни морски змии, на изненадување на истражувачите.

Иако делфините им се добро познати на научниците, сè уште постојат некои работи што не ги знаат за овие високо социјални суштества, особено начинот на кој се хранат.

Камерите од американската Национална фондација за морски цицачи, врзани за шест делфини, направија шестмесечни снимки обезбедувајќи увид во стратегиите и комуникациите за лов на овие цицачи.

Опремата за снимање била поставена на нивните грбови или од страната.

Иако овие делфини не се диви, тие имаа можност да ловат на отворен океан, дополнувајќи ја нивната вообичаена исхрана со замрзнати риби. Така, овие животни користат слични методи како дивите делфини, објаснува ветеринарот Сем Ридгвеј.

- Додека делфините ловеле, постојано испуштале звуци во интервал до 20 до 50 милисекунди. Кога се приближувал пленот, интервалите на крици се претворале во крајно зуење, а потоа во пискот - објаснуваат научниците.

Исто така, камерите го снимиле звукот на срцата на делфините во текот на напорните активности, па откриле дека наместо да го удираат пленот, делфините користеле вшмукување за да си помогнат во голтањето.

1

Иако и претходно се знаело дека делфините можат да си „играат“ со змиите, снимките првпат потврдиле дека тие ги јадат овие влекачи. На една од снимките се гледа како делфин јаде отровна морска змија.

- Делфинот не покажа знаци на болест откако ги изеде змиите - објаснуваат истражувачите и велат дека ова е необично однесување со оглед на тоа што станува збор за делфини во заробеништво.

- Веројатно немањето искуство на делфините во однос на ловењето и хранењето во дивина доведе до консумирање на овој плен - велат истражувачите.



Извор: Science Alert
Фото: Ridgway et al., PLOS ONE, 2022
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука