X
 20.09.2017 Живот

Бонтон-правила за подобар живот

Основните бонтон-правила се едноставни, но многу луѓе и тоа како ги забораваат. Затоа ви посочуваме неколку од нив што можеби не сте ги знаеле.

1. Ако кажете: „Ве поканувам“, тогаш тоа значи дека вие плаќате. Ако кажете: „Ајде во ресторан“, тогаш секој плаќа за себе.

2. Никогаш немојте да одите некаде на гости ненајавени. Една британска дама совршено го решила нејзиниот проблем. Ако пристигнеле гости без претходно да се најават, таа секогаш ги облекувала чевлите и ја земала шапката. Ако ѝ се допаѓала личноста што отишла на гости, тогаш ѝ велела: „Само што се вратив дома!“, ако не, велела: „Каква штета, само што излегувам од дома“.

3. Во јавноста никогаш не ставајте го мобилниот телефон на маса. Кога го правите тоа, покажувате колку важна улога има овој уред во вашиот живот, или уште полошо, покажувате колку во овој момент сте подготвени да „скролате“ на „Фејсбук“ или „Инстаграм“.

4. Не одите на состанок доколку цела вечер планирате да ја поминете на телефон.

5. Ако со некоја личност шетате по улица и таа личност се поздрави со друга личност што вие не ја знаете, и вие треба да се поздравите.

6. Чевлите секогаш треба да ви бидат чисти.

7. Ако некој ве навреди, немојте да враќате со иста мера и да го подигнувате гласот. Никогаш не спуштајте се на негово ниво. Насмевнете се и оддалечете се од безобразните луѓе.

8. Мажот би требало да оди од левата страна на жената.

9. Возачите треба да знаат дека прскањето на минувачите кога врне е ужасно однесување.

10. Овие 9 работи би требало да бидат тајна: годините, богатството, семејните расправии, религијата, здравствените проблеми, љубовните афери, подароците, честа и срамот.

11. Во кино, на театар или на концерт, до вашето место треба да одите со лицето свртено кон оние што седат.

12. Ако некој ве повика со „Еј ти таму“, не би требало да му одговорите.

13. Златно правило за користење парфем е умереноста. Ако го почувствувате и во доцните вечерни часови, тогаш сте претерале.

14. Добро воспитан маж секогаш покажува почит кон жените.

15. Кога ќе влезете во просторија полна со луѓе, вие први треба да се поздравите.

16. Почитувајте ја приватноста на другите луѓе. Не читајте ги туѓите пораки, не копајте по туѓи чанти.

17. Ако ви е простено откако сте се извиниле, немојте повеќе да зборувате на чувствителната тема.

18. Немојте да заборавите да им се заблагодарите на вашите сакани. Тие ќе ви помогнат не затоа што мораат туку затоа што сакаат. Ценете ги.

И како што легендарниот Џек Николсон рекол: „Не викам од една во друга соба. Не отворам затворена врата без тропање. Ѝ дозволувам на дамата да помине прва. Целта на овие бескрајни, едноставни правила е подобрување на животот. Внимавам на моето однесување и верувам дека бонтонот е важен. Тоа е едноставен и разбирлив јазик на меѓусебно почитување“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот