X
 06.12.2017 Живот

Правилата на Џорџ Орвел за совршен чај

Џорџ Орвел сериозно ја разработил тематиката за подготвување чај. Дури има и напишано есеј со наслов „Добра шолја чај“. Тој понудил 11 правила за правење совршен чај. Тие правила можете да ги погледнете во следното анимирано видео, а во продолжение прочитајте ги првите три од нив:

-    Како прво, треба да се користи индиски или „чејлони“ чај. Кинескиот чај има доблести кои не се баш прифатени денеска – економичен е и може да се пие без млеко, но во него нема доволна стимулација.

-    Како второ, чајот треба да се подготвува во мали количини, а шолјата треба да биде порцеланска или земјена. Од другите материјали чајот станува невкусен.

-    Како трето, шолјата треба да биде загреана претходно. Може да се постави над камин, или шпорет на дрва, а не да се користи вообичаената метода за потопување со топла вода.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот