Британската компанија за продажба на чаеви „Твинингс“ ја има совршената работа за љубителите на оваа напивка. Компанијата е во потрага по кандидат кој ќе дегустира чаеви и ќе биде платен за тоа.
Работата не е со полно работно време и одзема само 4 часа неделно. Се работи три седмици, а потоа се одмара четири седмици во период од 12 месеци.
Фото: Pixabay
Огласот за работата е објавен на „Линкдин“ и нема многу детали, но јасно е дека компанијата бара лице што има големо знаење за чаевите. Компанијата ќе му плати на успешниот кандидат 9,50 фунти на час.
Огласот за работата може да го пронајдете
овде.
Извор:
The Tab
Фото: Pixabay