X
 07.01.2019 Наука

Проектот на Марк Закерберг вреден 5 милијарди долари

Основачот на „Фејсбук“, Марк Закерберг и неговата сопруга Присила Чен, која е педијатар, започнаа амбициозна иницијатива за борба против болестите во светот. Планот е наречен „Иницијативата Чан Закерберг“, а неговата цел е лечење на сите болести за време на животот на една генерација.

Продавајќи речиси 30 милиони од нивните акции во „Фејсбук“, моќниот пар собра повеќе од пет милијарди долари за да го помогне финансирањето на проектот. Друг интересен факт за проектот е тоа што тој се врти околу вградлива мозочна направа.

За неупатените, масивниот биомедицински проект ќе биде предводен од врвни научници од универзитетите „Стенфорд“, „Беркли“ и универзитетот во Сан Франциско, лидери во нивните полиња, кои се дел од биоцентарот „Чен-Закерберг“, поврзан со поголемата Иницијатива.

-Нашата мисија е да направиме фундаментални откритија и да развиеме нови технологии кои ќе им овозможат на лекарите да лечат, превенираат или излезат на крај со сите болести за време на животот на нашите деца. Во меѓувреме ќе работиме со партнери за да ја мапираме секоја клетка во човечкото тело и брзо ќе се осврнеме на заканите по здравјето - истакнаа од биоцентарот.

Последниот проект на биоцентарот е фокусиран околу безжични мозочни интерфејси кои можат да ги преведуваат мислите во команди. Направите се тестирани на примати и тие можат да снимаат, стимулираат и попречат движење на мајмун во реално време.



Направата може да се користи и за лекување на луѓе чиј 'рбетен мозок е повреден или кои боледуваат од друга болест која го погаѓа движењето. Направата може да се користи за лекување на болести како епилепсија или Паркинсоновата болест. Направата наречена „Ванд“ (Wand) може да го набљудува мозокот додека во исто време овозможува терапија.

Направата автоматски го менувала однесувањето на тестираните примати. Таа насетува кога приматите сакаат да мрднат, чита електрични сигнали и ако е потребно, може да го попречи движењето.

Ќе биде интересно да се види дали биоцентарот ќе продолжи да ја развива оваа технологија и какви други примени би можела таа да има кај човештвото во блиска иднина.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука