Нетфликс, Гугл, Мета, Епл - сите ќе плаќаат данок на додадена вредност (ДДВ) во земјава. Ова е предвидено во измените во Законот за ДДВ, кои се во собраниска процедура, пишува
„Блумберг“ на македонски јазик.
Според текстот на Законот, данокот во име на овие компании ќе го плаќаат даночни застапници, и тоа од 1 јули годинава.
На пример, досега за да ги гледате омилените серии на „Нетфликс“ плаќавте електронски. Од тие пари компанијата што нуди услуга во земјава не ѝ плаќаше данок на државата. Слично е и со некоја апликација што сте ја симнале од „Плеј стор“ (Play store) и за тоа сте ѝ платиле на компанијата, но таа не ѝ платила данок на Македонија.
Ова треба да се смени од 1 јули годинава, до кога овие компании имаат обврска да изберат даночен застапник што во нивно име ќе плаќа данок кон македонската Управа за јавни приходи (УЈП).
Целиот текст прочитајте го
ТУКА.