X
 07.01.2021 Живот

Колку биле религиозни Југословените?

Мај 1984: Според Уставот, религијата е приватно нешто на секој човек и во пописот на населението не постои изјаснување за верската припадност.

Поради тоа, тешко е да се утврди реалната состојба во однос на религиозноста во Југославија.

Според пописот на населението од 1921, 1948 и 1953 година и анкетата на Институтот за општествени науки во Белград од 1964 и 1968 година, податоците за религиозноста на населението изгледале вака:

Година      Верници во проценти
  1921.....................99,9
  1948.....................99,2
  1953.....................87,7
  1964.....................70,3
  1968.....................39,0


Истражувањата спроведени во Југославија во 1964 година ја покажуваат следната ситуација според републики и покраини:

(Верници во проценти)

Косово - 91,0
Босна и Херцеговина - 83,8
Војводина - 70,9
Словенија - 65,4
Македонија - 64,6
Србија - 63,7
Хрватска - 63,6
Црна Гора - 45,4


Словенија (1968-1978) / Загреб (1975)



Извор и фотографии: Yugopapir
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот