Државната комисија за спречување корупција денеска најави дека ќе поднесе прекршочни пријави за 30-ина професори и декани од УКИМ зашто не доставиле анкетни листови.
Освен на УКИМ, ДКСК ќе спроведе контроли и на другите универзитети. Антикорупциска денеска упати повик до сите раководители во институциите да испратат податоци за избрани и именувани лица, со цел да се ажурира регистарот на Комисијата.
Потсетуваат дека за неисполнување на оваа обврска се одговара прекршочно.
Анкетни листови се очекуваат и од нотари, извршители и административци.
Извор: МИА