X
 07.03.2019 Технологија

„Хуавеи“ ги тужи САД

Кинеската компанија „Хуавеи“ соопшти дека ги тужи САД поради забрана на федералните агенции да ја користат нејзината опрема.

- Конгресот на САД никогаш не беше во состојба да обезбеди какви било докази за да ги оправда своите ограничувања за производите на „Хуавеи“ - изјави Гуо Пинг, еден од ротирачките претседатели на компанијата.

По повод тужбата, Гуо на прес-конференција во Шенжен изјави дека „Хуавеи“ е принуден да преземе такви чекори.

Гуо, исто така, ги обвини САД за хакирање на серверот на „Хуавеи“ и кражба на е-пораки.

САД ја ограничија употребата на „Хуавеи“ и лобираа кај сојузниците да ја избегнуваат кинеската телекомуникациска компанија.

Тужбата е дел од напорите на компанијата во последниве месеци да ги оспори тврдењата дека нејзините производи претставуваат безбедносен ризик.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија