Американските тајни служби користат псевдоними за претседателите, првите дами и другите важни личности и локации. Првично имињата се користеле за сигурносни цели при електронската комуникација. Денес, имињата се дават поради едноставна и брза комуникација, како и продолжување на традицијата. Во продолжение следуваат шест псевдоними што им припаѓале на првите дами
на САД низ историјата.
Мишел Обама - Ренесанса
Според „Венити Фер“, Мишел го одбрала ова име откако прочитала за опсесијата на Џеки Кенеди со Мона Лиза.
Фото: Мишел Обама/Wikipedia
Еленор Рузвелт - Скитник
Биографот на Рузвелт, Џенет Хабард - Браун, има изјавено дека тајната служба ѝ го дала ова име поради нејзината навика да шета наоколу низ светот за да се грижи за другите.
Фото: Еленор Рузвелт/Wikipedia
Џеклин Кенеди - Тантела
Во својата книга „Пет претседатели: Моето патување со Ајзенхауер, Кенеди, Џонсон, Никсон и Форд“, агентот на тајната служба Клајент Хил објаснува дека тајните имињата на сите членови на семејството Кенеди започнувале на буквата Л. Претседателот Кенеди бил Коњаник (Lancer), Џеки - Тантела (Lace), Керолин - Стих (Lyric) и ЏФК Џуниор - Штос (Lark).
Фото: Џеклин Кенеди/Wikipedia
„Лејди Берд“ Џонсон - Викторија
На некој што има толку уникатно име, одговара да му се даде и уникатен прекар. Нејзиниот сопруг бил Волонтер, додека ќерките биле Велвет и Венера.
Фото: „Лејди Берд“ Џонсон/Wikipedia
Бети Форд - Комбинезон
Бети оставила впечаток како политички активна сопруга на претседателот. Таа го имала прекарот Комбинезон, додека нејзините деца биле Панда, Професор и Пекмен.
Фото: Бети Форд/Wikipedia
Ненси Реган - Виножито
На нејзиниот погреб во 2016 година хорот од средното училиште во Санта Сузана ја изведе „Преку виножитото“ (Оver the Rainbow) во чест на нејзиното тајно име. Нејзините деца ги имале прекарите Рима, Загаткар, Панделка, Доверлив и Блесок.
Фото: Ненси Реган/Wikipedia
Автор: Сара Стифатер
Извор:
purewow.com