Повеќе од четири милиони Американци минатата година работеле од дома најмалку половина од работната недела, покажуваат најновите податоци, а тој број постојано се зголемува.
За да се исполнат сè поголемите барања, компаниите сè повеќе нудат работа од дома во голем број области, од технологија до финансии, па дури и во медицината има работни позиции за кои не е потребно задолжително да одите на работното место.
Интернет-страницата за кариера „Флекс Џобс“ неодамна ги разгледа најчестите работи што се работат од дома во САД и има некои изненадувачки позиции на листата. Ви ги претставуваме најчестите, заедно со податоците колку можете да заработите работејќи ги истите.
1. Онлајн-тутори
Фото: Business Insider
Просечна годишна плата: 34.974 долари
Што прават? Подучуваат ученици на сите возрасти со помош на телефони, електронски адреси и видеоповици.
2. Виртуелни асистенти
Фото: Business Insider
Просечна годишна плата: 34.587 долари
Што прават? Овозможуваат административна помош за да им помагаат на клиенти или компании.
3. Вработени во служба за корисници
Фото: Business Insider
Просечна годишна плата: 36.839 долари
Што прават? Им помагаат на клиентите така што одговараат на прашања за производите и решаваат проблеми. Кога работат од далечина, тие им асистираат на потрошувачите преку телефон или преку онлајн-комуникација.
4. Книговодители
Фото: Business Insider
Просечна годишна плата: 41.113 долари
Што прават? Снимаат финансиски трансакции, пишуваат финансиски извештаи и се одговорни за ревизии.
5. Наставници
Фото: Business Insider
Просечна годишна плата: 45.798 долари
Што прават? Подучуваат на интернет.
6. Писатели
Фото: Business Insider
Просечна годишна плата: 48.629
Што прават? Писателите можат да работат полно работно време, половина работно време или фриленсерски.
7. Администратори на кориснички сметки
Фото: Business Insider
Просечна годишна плата: 52.263 долари
Што прават? Менаџираат сметки на клиенти.
8. Логопеди
Фото: Business Insider
Просечна годишна плата: 59.669 долари
Што прават? Оценуваат, дијагностицираат и третираат нарушувања во комуникацијата и други нарушувања кои го попречуваат говорот. Кога работат од далечина, тоа го прават со помош на видеоповици.
9. Медицински сестри
Фото: Business Insider
Просечна годишна плата: 63.245
Што прават? Сестрите што работат од далечина овозможуваат поддршка за пациентите користејќи телефонски или видеоконференции. Некои од нив одат и лично да ги видат пациентите.
10. Софтвер девелопери
Фото: Business Insider
Просечна годишна плата: 69.687
Што прават? Девелоперите се одговорни за дизајнирање, програмирање и развивање софтвер, апликации, интернет-
страници или продукти.