X
 26.06.2020 Образование

Платата повеќе зависи од насоката отколку од квалитетот на универзитетот

Истражување покажува дека насоката што ја одбираат студентите влијае двојно повеќе врз нивната заработка по студиите отколку универзитетот на кој студирале.

Истражувачи на Лондонската школа за економија и политички науки ги споредувале платите на младите луѓе што завршиле на најдобрите универзитети во Велика Британија со оние што завршиле на најлошите високообразовни институции во земјата, по седум години од нивното дипломирање.


Фото: Pexels

Тие откриле дека генерално оние од најдобрите универзитети заработувале 3% повеќе од оние од најлошите. Меѓутоа, на оние што студирале инженерство и производство платите им се зголемиле за 7% во тие седум години по дипломирањето без разлика на кој факултет студирале.

Оние што завршиле студии во областа на трговски претпријатија не забележале пораст во платата по дипломирањето.


Фото: Pexels

- Нашето истражување покажува дека за вработувањето и платата е поважно што се студира отколку каде се студира - вели авторката Џенифер Руиз-Валензуела.

Автор: Ана Дејвис
Извор: standard.co.uk
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование