Познатиот актер Колин Фарел го игра Освалд Коблпот во новата серија „Пингвинот“ (The Penguin) на „Ејч-би-о макс“.
Претходни објави на социјалните мрежи веќе потврдија дека снимањето на серијата е во тек, но ова е првпат Фарел да биде забележан на снимањето на филмот.
Фарел решил да се прошета на паузите на снимањето, а ретко кој го препознал во ова издание. Со маска на лицето и со значителен вишок килограми, холивудскиот заводник целосно се трансформирал и покажал дека е професионалец.
„Пингвинот“ е базиран на истоимениот лик кој се појавува и во филмот „Бетмен“. Во моментот не се знае кога ќе излезе серијата.
Извор:
Klix
Насловна фотографија: Instagram