X
 28.02.2017 Технологија

Што се` треба да знаете за новиот предизвик на Илон Маск?

Амбициозниот Илон Маск, извршен директор на „SpaceX“ има за цел неговата компанија да биде лидер кога станува збор за живот на Марс заедно со изградба на град на оваа планета.

месечина

Наредната година, оваа компанија планира да ги испрати своите астронаути на Меѓународната вселенска станица за НАСА. Освен тоа, во 2018 година „SpaceX“ планира да испрати граѓани на пат околу месечината и да ги врати дома. Што треба да знаеме во врска со овој проект?

„SpaceX“ планира патување околу Месечината, а не слетување на нејзината површина

Во моментов, „SpaceX“ не планира да слета на површината на Месечината. Барем не во оваа мисија.

Компанијата планира да ја искористи нејзината „Falcon Heavy“ ракета за заобиколување на Месечината, пред повторно да се врати на Земјата. Мисијата би траела околу една недела.

Ќе патуваат двајца патници, иако се` уште не се знае кои се


Можеби најмистериозниот дел од целата мисија се нејзините патници.

„SpaceX“ вели дека двајца истражувачи веќе платиле прилично голема сума на пари за да бидат дел од оваа мисија, иако компанијата се` уште ги нема објавено имињата на овие луѓе.

Самата мисија ќе чини многу пари, а Маск ги држи во тајност имињата бидејќи тие не ѝ дале дозвола на компанијата да ги открие имињата. Маск изјави дека не е никој од Холивуд, на прашањето дали станува збор за познати личности.

Патниците ќе поминат обука пред летот


Без разлика на тоа кои се, двајцата патници ќе мораат да поминат обука пред да летаат на Месечината.

„Ќе спроведеме фитнес тестови и тестови за здравјето на патниците, како и ќе спроведеме основна обука во текот на оваа година“, изјави Маск.

Мисијата ќе биде лансирана од историска писта

1

„SpaceX“ планира да ја лансира мисијата од истата писта која била искористена за време на „Аполо“ мисиите - Вселенскиот центар Кенеди, комплексот 39А во Кејп Канаверал, Флорида.

Станува збор за мисија која ќе го одведе човекот најдалеку од Земјата

Слетувањето на Месечината во 1972 година, со „Аполо 17“ мисијата беше последниот пат кога човекот летал длабоко во вселената.

Од тогаш, НАСА се фокусираше на ниската орбита на Земјата. Ако „SpaceX“ успее во лансирањето на ракетата, ова ќе биде најдалечното место на кое човек бил уште од „Аполо 17“.

Ова нема да биде единствената мисија на Месечината за „SpaceX“


Ако распоредот остане како што е, Маск сака компанијата да спроведе барем една или две мисии на Месечината годишно. Основачот на „SpaceX“ смета дека овие видови на мисии би биле одличен извор на приходи за компанијата, доколку повеќе тимови се заинтересирани за овие патувања.

3

Овие мисии би можеле да побудат интерес и кај НАСА. Наместо да летаат право до Марс, како што бил планот на администрацијата на Обама, возможно е НАСА, сега кога доаѓа администрацијата на Доналд Трамп, да има за цел веднаш да се врати на Месечината, пред да ја посети Црвената планета.

Не бидете изненадени ако „SpaceX“ не ја лансира мисијата навреме


Компанијата на Маск е позната во вселенската индустрија по неспособноста да се држи до одреден распоред, така што и оваа мисија не е исклучок.

Компанијата треба да спроведе тест лет со ракетата, а тоа е закажано во текот на оваа година, а истото важи и за „Dragon“ леталото кое треба да ја заврши тест мисијата подоцна оваа година.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија