X
 16.06.2019 Наука

Океанот на месечината Европа на Јупитер има сол, исто како морињата на Земјата

Иако јупитеровата месечина Европа ни изгледа чудно, таа содржи состојка позната за нас: натриум хлорид. Натриум хлоридот исто така е главна компонента на морската сол. Европа е една од најинтригантните водени светови во нашиот Сончев систем и потенцијално место каде животот би можел да постои во подземните океани. Откривањето на натриум хлоридот значи дека океанот на Европа би можел да изгледа повеќе како оние на Земјата и дури да вклучува сол. Сега, астромоните ќе треба да размислуваат поинаку за составот на океанот на Европа.

Претходно, „Војаџер“ и „Галилео“ леталата на НАСА ги навеле научниците да откријат дека месечината има солен течен воден океан под ледената школка. Инфрацрвениот спектрометар на „Галилео“ ја проучил школката и открил вода со мраз и соли на магнезиум сулфат, слични на епсом солите. Се верува дека школката била слична во составот со состојките што го сочинувале океанот.

Кевин Хенд, научник во лабораторијата на НАСА, зел примероци од солените океани од Земјата и ги подложил на радијација за да симулира како би можело да биде на Европа. Морската сол ја сменила бојата и можела да биде идентификувана во видливиот спектар на светлина како жолта. Ова било слично со областа на Европа наречена Тара Регио, што имала посебна жолта боја.

- Натриум хлоридот е сличен како невидливо мастило на површината на Европа. Пред зрачењето, не можеш да кажеш дека е таму, но по зрачењето, бојата веднаш излегува - вели Хенд.

Следните набљудувања со вселенскиот телескоп „Хабл“ потврдија дека жолтата боја на Тара Регио била поради озрачената сол на површината на Европа.

Магнезиум сулфатот едноставно би испарил во океанот од карпите на дното на океанот, но натриум хлоридот може да индицира дека дното на океанот е хидротермално активен. Тоа би значело дека Европа е геолошко планетарно тело многу поинтересно отколку што претходно се верувало - вели Саманта Трумбо, автор на истражувањето и диломец на Калифорнискиот институт за технологија.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука