Сликар кој ги загубил двете раце во трагична несреќа повторно ќе ја држи четката благодарение на хируршката извонредност на група лекари од Делхи и ветувањето за донација на органи од страна на една жена, која со својата благородна постапка им ги трансформирала животите на четири лица.
Четириесет и петгодишниот сликар, чиј случај е првата успешна билатерална трансплантација на рака во Делхи, веќе е пуштен од болницата „Сер Ганга Рам“. Тој ги загубил двете раце во железничка несреќа во 2020 година и не гледал спас за својата ситуација.
Но, чуда се случуваат. Мина Мехта, вработена во познато училиште во Јужен Делхи, која била прогласена за мозочно мртва, го спасила 45-годишникот бидејќи во текот на животот одлучила нејзините органи да бидат донирани.
Нејзиниот бубрег, црн дроб и рожницата ги трансформирале животите на уште тројца, а нејзините раце повторно ги оживеале соништата на сликарот.
Но, ова не би било возможно без напорната работа на тимот на лекари што ја извршиле задачата.
Операцијата, која траела повеќе од 12 часа, вклучувала поврзување на секоја артерија, мускул, тетива и нерв помеѓу рацете на донаторот и рацете на примателот.
Извор:Ndtv.com
Фото: YouTube screenshot