Здравствените работници често не се најплатени на пазарот на трудот. „Јуроњуз“ спроведе истражување за да дознае колку се платени овие работници во земјите низ Европа.
Во поголемиот дел од европските земји годишната реална бруто-плата на лекарите се зголемила од 2010 до 2020 година, иако во некои земји таа се намалила во истиот период. Според податоци од 25 европски земји, во 2020 година годишната бруто-плата на докторите-специјалисти се движела од 20.200 евра во Полска до 258.552 евра во Луксембург (податоците за Луксембург се од 2015 година).
Освен Луксембург, постојат уште четири европски земји каде што докторите-специјалисти се платени над 150.000 евра годишно. Тоа се Ирска (172.882 евра), Холандија (160.869 евра), Данска (156.061 евра) и Исланд (155.276 евра). Следуваат Германија со годишна бруто-плата од 146.200 евра и Велика Британија со 136.375 евра.
Платите на докторите-специјалисти на годишно ниво биле пониски од 100.000 евра во Франција, Италија и Шпанија во 2020 година, а пониски од 50.000 евра во Португалија и Грција.
Фото: Pixabay
Општите лекари се помалку платени од специјалистите низ Европа. На пример, специјалистите заработуваат 85 отсто повеќе од општите лекари во Велика Британија, каде што просечната годишна бруто-плата за општите лекари изнесувала 73.408 евра во 2020 година.
Во некои земји, како Португалија, Словенија и Велика Британија, реалните плати за специјалисти и општи лекари се намалиле од 2010 до 2020 година.
Истовремено, разликата помеѓу платите на специјалистите и општите лекари се намалила во Австрија, Белгија и Холандија, каде што приходите на општите лекари се зголемиле повеќе од приходите на специјалистите.
Извор:
Klix
Насловна фотографија: Pixabay