Фото: iStock
Сите сме слушнале приказни за луѓе што отишле на состанок во чуден град, а подоцна да се разбудат во бања полна со мраз и огромна лузна на нивното тело. Во тој момент сфатиле дека им бил украден бубрегот.
Додека ваквите приказни сигурно се случиле, тие не се ништо во споредба со вистинскиот хорор што стои зад трговијата со органи.
1. 10 отсто од трансплантациите на органи биле изведени нелегално
СЗО проценува дека над 100.000 трансплантации на органи се изведуваат низ светот на годишно ниво. Но поради владини политики, лични верувања за донација на органи и нашата способност за безбедно собирање органи, ќе бидат потребни десетпати повеќе донации за да се задоволат глобалните потреби.
Се разбира, секогаш кога понудата не ја задоволува побарувачката, луѓето се насочуваат кон нелегални средства. Така, СЗО проценува дека од 5 до 10 отсто од сите трансплантации на органи се нелегални. Од нив 75 отсто се трансплантации на бубрег, најбараниот орган.
2. Нето-вредност
Како и во сите црни пазари, луѓето се подготвени да платат повисока цена за трансплантации што се извршуваат нелегално. И покрај зголемениот ризик, повеќето луѓе што бараат нови органи се очајни и се соочуваат со висок смртен ризик пред да дојдат на врвот на листата со донатори. Ова им овозможува на продавачите да изнудат огромни суми пари од пациентите. Профитот на црниот пазар се движи од 600 милиони до 1,2 милијарда долари годишно.
3. Понуда и побарувачка
Фото: iStock
Секако, не сите органи еднакво се вреднуваат. Цената на органот зависи дд тоа колку е подложен на неуспех, колку лесно може да се отстрани и пресади и дали луѓето можат да преживеат ако го донираат. Најголемиот дел од трансплантација на органите, и законски и незаконски, е трансплантација на бубрезите. Причината за ова е тоа што бубрезите лесно се оштетуваат поради лошиот начин на живот, како што е пиење, меѓутоа, и многу се донирани со оглед на тоа што луѓето можат да донираат еден без тоа да влијае врз нивниот живот. Цената на еден бубрег е 150.000 долари.
И за црниот дроб има висока побарувачка, меѓутоа, со оглед на тоа што е потребен само дел од него, цената е пониска. Цените на коските и на лигаментите се движат од 5.000 долари, додека нова рожница чини 20.000 долари. Најскапите органи се белите дробови и срцето, кои можат да чинат до 300.000 долари и повеќе од 500.000 долари.
4. Ранливи цели
5.000 долари можеби не звучат како многу пари за еден од вашите органи, но за некои луѓе ова се многу пари. Непотребно е да се каже, но тоа значи дека трговците со органи се фокусираат на најранливите членови на општеството. Не само што е полесно да се убедат овие луѓе да дадат орган за пари, туку и помалку им плаќаат или целосно им ги крадат органите. Овие посиромашни, поранливи жртви немаат средства или помош од владата за да обезбедат дека секоја трансакција за која се преговара е праведна и фер.
5. Магијата на црниот пазар
Во 2013 година една од најголемите болници во Свазиленд била дел од голема контроверзија. Вработените во Меморијалната болница „Рали Фаткин“ биле обвинети дека се дел од црн пазар за органи, наводно продавајќи им ги на купувачи од соседните земји. Сето ова било правено за практика позната како мути, форма на традиционална супсахарска медицина, односно црна магија.
Мути е најмоќен кога се користат свежо отстранети делови од телото. Бидејќи убиствата би привлекле многу внимание, вработените во оваа болница наводно почнале да ги собираат органите на неодамна починати пациенти и да ги продаваат за користење во кремови, напивки и прашоци.
6. Иранскиот модел
Трансплантацијата на црниот пазар претставува проблем за многу луѓе. Ранливите групи, оние што живеат во сиромашни, рурални заедници, често се искористувани. Луѓето се убиваат, а гробовите се ограбуваат. Постојат големи здравствени ризици и за донаторот и за примателот.
Поради вакви причини, многу експерти се залагаат за иранскиот модел. Пред околу 30 години се зголемил бројот на луѓе со сериозни проблеми со бубрезите во Иран. После неуспешни третмани и зголемување на трошоците, владата почна да им плаќа на роднините да донираат бубрези и да се прават операции во странство. Програмата донекаде се покажала како успешна, при што опаднала смртноста на пациентите, меѓутоа, трошоците повторно се зголемиле. Затоа била формирана сопствена служба за донација на органи, со центри низ цел Иран. Потоа бил донесен закон со кој се дозволувало да донираат и луѓе што не се крвно поврзани.
Во период од една година донациите двојно се зголемиле, при што огромно мнозинство доаѓало од неповрзани донатори. Во замена за донацијата, донаторите добивале исплата и бесплатно здравствено осигурување. Владата вложила и максимални напори да се потисне трансплантниот туризам со тоа што им забрани на странците да влезат во земјата и да добијат ирански бубрег.
7. Трговија со деца
За жал, трансплантацијата на органи не подразбира само пронаоѓање на некој што е подготвен да го даде потребниот орган; подразбира и некој што ќе одговара со примателот на органот. Тоа не значи само дека донаторот треба да има иста крвна група, туку и дека треба да биде на приближно иста возраст како примателот. Токму вака децата станаа жртви на трговијата со органи.
Трговијата со деца се случува низ целиот свет, но ситуацијата во Мозамбик е можеби најпозната. Во северниот град Нампула, калуѓерките што управувале со сиропиталиште во оваа област повеќе од 30 години тврдат дека ги виделе ужасните ефекти од ваквите операции. Освен што разговарале со жртвите и виделе фотографии кои служат како докази, калуѓерките велат дека биле сведоци на повторни обиди за киднапирање деца од сиропиталиштето. Калуѓерките, исто така, добивале смртни закани од трговците со органи, додека локалните жители тврделе дека полицијата е соучесник во активноста и се обидува да ја прикрие трговијата.
8. Помали кругови
Не сите трговии со органи вклучуваат киднапирање деца или таргетирање на ранливи лица. Понекогаш тоа се случува во многу помал круг луѓе, а отстранувањето на орган може да се случи без знаење или согласност од неволните донатори или нивните семејства. Овие случаи тешко е да се забележат, но еден од најшокантните примери е оној на Рубен Наваро.
Во 2006 година, 25-годишниот Рубен бил примен во регионалниот Медицински центар во Сиера Виста во Калифорнија. Откако му било дијагностицирано невролошкото нарушување адренолеукодистрофија, менталните и физичките способности на Рубен полека се влошувале до 29 јануари, кога бил пронајден во несвест. На нејзината мајка ѝ било кажано дека нејзиниот син нема да закрепне. Подоцна, таа добила повик со барање Рубен да биде регистриран како донатор на органи. Таа се согласила.
Неколку дена подоцна била донесена одлука да се исклучи неговата животна поддршка. Лекарот што го лекувал Рубен ѝ дал инструкции на сестрата да му даде морфин, антианксиозни лекови и антисептици за да се забрза неговата смрт. Сепак, Рубен починал осум часа подоцна, а неговите органи не можеле да бидат донирани.
9. Воени злосторства
Во 2015 година тела на девет сомалиски државјани биле пронајдени на плажа во Египет. Иако првично изгледало како да се бегалци што се удавиле во морето, лузните на нивните тела јасно покажувале дека нивните органи биле украдени.
Друг пример е на Ослободителната војска во Косово, која била обвинета за собирање органи од српските ривали по завршувањето на косовската војна.
10. Проблем на сите
Фото: iStock
Многу
шверцери се убедуваат себеси дека трговијата со органи честопати е кривично дело без жртви: болните се лекуваат, сиромашните добиваат пари, а посредникот заработува за живот. Но црниот пазар за органи е проблем што влијае врз сите нас. Реалноста е дека црниот пазар за органи постои затоа што и владите и граѓаните континуирано не преземаат никаква значајна акција за решавање на ова прашање.