X
 07.04.2018 Наша тема

Билјард, пикадо, плејстејшн - каков е културно-забавниот живот во студентскиот „Гоце Делчев“

Факултети.мк ѕирна низ клучалката на најголемиот студентски дом во Скопје - „Гоце Делчев“, кој буквално е град во град. Секој вторник и четврток има дискозабави во дискотеката. Ама, претходно мора да има загревање, кое најчесто се случува во некоја соба или во ходниците на домот.


Малиот град свети, сите се дома  Фото: KolektifPress

Многу непроспиени ноќи над книга, слатки љубовни маки, но и забави, дружење, танцување се дел од секојдневието на македонските студенти сместени во студентските домови. Факултети.мк ѕирна низ клучалката на најголемиот студентски дом во Скопје - „Гоце Делчев“, кој буквално е град во град.
- Кога се учи, одиме во читалница. Ако на некој не му пречи врева, си учи в соба. Но и покрај сите маки, како сврзување крај со крај, лоша храна и некаде многу лоши услови со сместувањето, животот во студентски дом е многу убав – вели студент сместен во „Гоце Делчев“.


Некој учи во соба, некој во читална  Фото: KolektifPress

Секој вторник и четврток има дискозабави во дискотеката. Ама, претходно мора да има загревање, кое најчесто се случува во некоја соба или во ходниците на домот. Музика, играње, дружење сѐ додека не дојде време за диско, каде што се продолжува со истата шема.


Кога забавата е во ходник, тешко се поминува до собата после туширање   Фото: KolektifPress


Фото: KolektifPress


Тука се раѓаат најголемите пријателства    Фото: KolektifPress

Студентите често не ги збира во тесните и мали соби, па забавата се проширува и во ходникот. Билјард, пикадо, плејстејшн, домино, карти и други друштвени игри се играат во поранешните простории на диското на шестиот кат. Тие сега се пренаменети во клуб за дружење.


Често се игра пикадо  Фото: KolektifPress


Фото: KolektifPress


Некој е за партија табла  Фото: KolektifPress

- Кафе, пијалаци си носат од своите соби, а некои и книги читаат тука. Секој си прави што му е ќеф. Ова е буквално како мал град – вели студентка.
Студентите потенцираат дека токму во овој студентски дом се раѓаат најубавите љубовни приказни, како и вечни пријателства.


Фото: KolektifPress


Утринско кафе на тераса  Фото: KolektifPress
Подготвил: Милена Атанасоска-Манасиева / milena.atanasoska@fakulteti.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наша тема