X
 06.11.2015 Образование

Инфографик: Колку чини студирањето во Македонија?

Доколку сте студент кој живее надвор од Скопје, но е сместен во главниот град за потребите на студирањето, дипломата ве чини многу повеќе од 200 или 400 евра годишно. Студентите во Скопје имаат одредени поволности, како намалена цена на месечниот билет за јавен градски превоз и бесплатни карти за театар и бесплатно возење со Македонски железници секој четврток. Студентите сместени во студентските домови во градот добиваат поволности како вклучена храна, но дури и покрај тоа, еден студент во Скопје има многу повеќе „скриени трошоци“ отколку придобивки.


Кога доаѓате на студии во главниот град, треба да земете предвид дека ќе плаќате и за административни трошоци, сместување, храна, превоз во градот, превоз за враќање дома, материјали итн. Зборувајќи со студенти кои студираат во Скопје и Битола, „Факултети“ неодамна процени дека студентите трошат просечно 6.000 евра додека добијат диплома.

Меѓутоа, оваа сума е минималната, доколку се штеди и се живее во некој од студентските домови. Голем дел од студентите се одлучуваат за живот во стан со цимери, што е поскапо. Згора на тоа, трошоците се разликуваат и од факултет до факултет поради потребните материјали и административните трошоци. Така, на еден факултет може да поминете со фотокопирани скрипти, а на друг треба да плаќате илјадници денари за оригинални книги. Вкупната сума на крајот на годината излегува многу поголема од очекуваното.

Во инфографикот во продолжение се искористени просечни цени во денари, кои се однесуваат за цела академска година, односно десет месеци. Академските трошоци одговараат на просечните на државните универзитети. 



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование