X
 26.01.2020 Живот

Како да бидете добар цимер во студентски дом

Доколку сте на факултет, веројатно сте имале или имате цимер. Тоа е личноста што истовремено ја сакате и ја мразите. Кој би помислил дека би ве изнервирал начинот на кој некој ја отвора или затвора врата? Време е да дознаете дека вакви работи се случуваат кога живеете во малечка соба.

За да не бидете причина за озборувања, постојат голем број работи што можете да ги направите за да бидете добар цимер во една студентска соба.

Прво и најважно е грозните навики да си ги оставите дома. Сите имаме некаква лоша навика, без разлика дали тоа е оставање на валканите алишта на подот или оставање на чашите насекаде. Таквите навики обидете се да ги искорените бидејќи никој нема да сака да чисти по вас и никој не сака да ја види вашата неуредност. Сигурно не сакате да ја видите валканата долна облека на вашиот цимер, така што и тој не би сакал.

Следно, стишете се. Не на злобен начин, туку, на пример, кога станувате во 8 часот наутро и се подготвувате, па тропате и чукате. Најдобриот начин да го избегнете ова е да се обидете да направите распореди кои ќе бидат исти, така што и двајцата ќе можете да станувате порано/подоцна.

Наредна работа, немојте да го пуштате светлото наутро. Земете помала ламбичка или, пак, доколку знаете дека треба да станете порано, подгответе ги вашите алишта ноќта претходно за да не мора да го отворате гардеробот и да барате алишта додека цимерот спие.

Почитувајте. Ова е навистина лесно. Едноставно, обидете се да не ги крадете алиштата на цимерката (ова е особено наменето за девојките) кога таа не е тука. Доколку сакате нешто да позајмите, добро би било да прашате наместо да пребарувате низ нејзините алишта.

И запомнете, и двајцата ја делите собата. Затоа немојте да бидете себични и почитувајте го златното правило - однесувајте се онака како што сакате да се однесуваат кон вас - ова и не е толку тешко. Не оставајте валкани работи, прашајте доколку сакате нешто да позајмите и бидете тивки наутро.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот