Се чини дека Бил Гејтс добро знаел како ќе се движи напредокот на технологијата уште во 1995 година.
Старо видео го покажува Гејтс, кој е еден од основачите на „Мајкрософт“, како ги споделува своите предвидувања за технолошкиот развој. Во тоа време тој очекувал да имаме уред кој ќе го носиме со себе и кој ќе биде замена за повеќе технологии.
- Добивање пораки, гледање на последните вести, разгледување различни локации, следење на вашата агенда, чување стотици фотографии од вашите деца таму, сите овие работи се можни со ваков вид технологија - рекол Гејтс во 1995 година.
Тој зборувал и за можноста за плаќање со телефон, која денес ни е достапна, но и за услуги со кои луѓето ќе може да гледаат серии по желба, како „Нетфликс“. Гејтс тогаш предвидел и дека преносниот уред, кој тој го нарекол џебен компјутер, ќе им чита насоки на луѓето и ќе ги предупредува за сообраќајот додека патуваат.
Конечно, тој зборувал и дека во иднина ќе има повеќе луѓе што ќе работат од далечина.
Извор:
Indy100
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)