X
 17.10.2016 Наука

Зошто инженерството е иднината за сите нас?

Машинскиот инженер Сара Грифитс рефлектира за нејзиното искуство и вклученост во двегодишната „Babcock“ обука и важноста на инженерството

„Како некој кој веќе работел на проекти од областа на медицината и нуклеарната енергија, знам дека инженерството е фантастично-разновидна кариера"- вели 25-годишната Сара, машински инженер во британската компанија „Cavendish Nuclear“.

И покрај тоа што нема семејни врски во индустријата, љубовта спрема дизајнот, технологијата, математиката и физиката ја водеше Грифитс, додека била во средно училиште.


Сара Грифитс


Нејзината последна година таа е вклучена како член на тимот кој работи на проект, кој се однесува на горчливото прашање за дебелината и развојот на автономен медицински роботски систем што би помогнал во лекувањето.

Крајниот резултат е капсула, која нема да биде достапна за пациентите за неколку години. Сара вели; „Проектот ми ги отвори очите за тоа колку многу инженерството може да им помогне на луѓето ".

Сега, во последните месеци од нејзината двегодишна обука на „Babcock“, таа има акттивна улога во подружница, која е во целосна сопственост на „Babcock“, а која работи на користење на механички дизајн во големи проекти за исклучување на нуклеарните централи.

„И покрај прилично сувата слика  за инженерството, овој сектор е директно вклучен во сите големи прашања со кои се соочува општеството денес, вклучувајќи ја и иднината на нуклеарните централи, а тоа е порака за која јас сум заинтересирана“-додава таа.

„Babcock“ прави големи напори за привлекување на повеќе жени во инженерството, инвестиција што од неодамна почна да се исплатува, посебно со 25 проценти жени кои работат во „Cavendish Nuclear“.

Иницијативите за поттикнување на родово-урамнотежена работна сила, Грифитс активно ги поддржува, а таа покрај тоа што е финалист во „Глобалниот Студентски натпревар за дизајн“, исто така ја води иницијативата  „Leeds Chapter of ‘Robogals“,која има за цел да ја подигне свеста за инженерството меѓу девојките, средношколки.

Таа во моментов е ментор на „Arkwright Scholar“ и е активен поддржувач на локалните настани за наука, технологија, инженерство и математика настани (STEM), како и во Организацијата „Women in Nuclear“.

„Babcock прави одлична работа во сменување на перцепцијата дека инженерството е досадна и валкана работа резервирана само за мажите со хард капи. Тоа е особено важно за нашите млади девојки кои како мене, може да се исклучително заинтересирани за дизајн, технологија и математика.“

По дипломирањето во 2013 година, Грифитс се приклучила на Atkins, каде што добила искуство во улогата на проект менаџер за сајт за нуклеарна енергија.

Откако се приклучила на „Cavendish Nuclear“ во 2014 година, таа заврши голем број на проекти во специјализирани области како што се стрес анализа, а како што таа вели "се запознав со животниот циклус на големи инженеринг дизајни".

„Јас сакам да работам со луѓе и да изнаоѓам функционални решенија"- објаснува Сара. Но, нејзината крајна цел е да стане менаџер, кој ја задржува инженерската улога.

На потенцијални жени инженери, Грифитс им дава јасна порака: „Јас работам во многу предизвикувачки сектор, што им помага подеднакво и на поединците и на земјата во целина. Инженерството е иднината за сите нас".

Дознајте повеќе за STEM натпреварот  за 2017 година.
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука