X
 14.06.2016 Технологија

Како да не заглавите додека учите да програмирате?

Зошто луѓето често заглавуваат кога учат да програмираат?

Ова е период во кој често пати луѓето сакаат да се откажат или пак се откажуваат од учењето или работењето во одредена област. Така, се раѓаат сомнежи и се поставуваат прашањата: Дали треба да продолжам? Дали сум на правилно место?

Постојат неколку причини поради кои човек може да заглави додека учи да програмира.

Самостојно учење

Приближно 9 од 10 луѓе започнуваат да учат „Android“ користејќи бесплатни онлајн курсеви. Но ако не знаете како да ги искористите придобивките од самостојното учење, веројатно тие ќе се претворат во проблем за вас. Ние добиваме искуства од проблемите со кои се соочуваме во обид да направиме нешто или да примениме нешто што сме го научиле, па дури и да го уредиме, што пак води до започнување со пребарување на решение на тој проблем кој едвај може да се реши. Дури и ако не се реши проблемот, вие нема да заборавите на информациите кои сте ги добиле со пребарувањето.

Управување со времето

Повеќето од нас треба да го организираат својот распоред за самостојно учење. Потребно е да бидеме трпеливи затоа што секогаш е потребно повеќе време отколку што сме планирале.

Повратни информации

Не само во „Android“, туку и со други програмирања не добиваме веднаш повратни информации за нашата работа што понекогаш се смета за борба која одзема долго време. Овој дел е навистина важен затоа што не' турка да продолжиме со работата.

Недостаток на искуства

Никој не знае се'. Ние продолжуваме да учиме од искуствата, а кога ќе завршиме со учење на специфичен курс може да се соочите да заглавите доколку не планирате што сакате да направите со учење на кусот.

Надминување на вашите граници (Преоптоварување)


Доколку се одлучите да посетувате повеќе курсеви истовремено тогаш вие ќе го преоптоваривте вашиот ум. Пребарувањето, решавањето, и спроведувањето на проектите одзема доста време, и вашиот мозок нема да биде еднакво активен за сите курсеви. Невозмжно е да ги направите сите работи заедно, такашто може да почувствувате дека сте залавени и дека ви се одзема вниманието.

Како да се ослободите од заглавеноста?

Сите претходни причини не се случуваат само со „Android“ туку и на други полиња.

Пронајдете некој пријател или некој онлајн кој би можел да биде вашиот ментор. Тој ќе биде добра мотивација за вас и водич ако одлучите да се откажете.

Исто така, добро би било да искористите некој систем за управување со времето како на пример „Pomodoro“. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија