Тешко е да не се забележи убава и раскошна јахта. Меѓутоа, нов концепт на дизајнерот Џозеф Форакис предвидува јахтата да биде невидлива.
Станува збор за 88-метарска јахта наречена „Пегасус“, која ќе биде првата суперхајта во светот изградена со 3Д-печатач. Јахтата ќе има рефлектирачко стакло кое ќе ја одразува околината за јахтата подобро да се вклопи во неа.
Таа ќе биде опремена со соларни панели, а на неа ќе има литиум-јонски батерии кои ќе се користат за напојување на уредите. „Пегасус“ нема да произведува емисии на јаглероден диоксид.
- Бев инспириран да создадам јахта која ќе биде што поблиску до морето и природата, составена од облаци кои лебдат над линијата на водата - изјавил Форакис.
Кога станува збор за внатрешноста, „Пегасус“ ќе биде опремена со базен, балкони, хидромасажна када и градина. Меѓутоа, потребно е да се развијат клучни технологии за изградба на јахтата.
Форакис проценува дека изградбата на концептот ќе трае до седум години. Затоа, не се знае кога оваа јахта ќе заплови во водите.
Извор:
Pun kufer
Насловна фотографија:
Forakis