X
 03.09.2018 Живот

Што треба да правите на јахта на супербогаташ за да добиете плата од 7.000 евра?

Јахтите што ги изнајмуваат богатите и славните, а кои пловат на Карибите, Далмација и Медитеранот, вработуваат млади луѓе кои служат како домаќини, чистачи, коктел-мајстори, шефови за осветлување, забавувачи, јога-инструктори и мајстори.

Претежно се бараат девојки. Самите за себе често велат дека се „глорификувани“ домаќинки. Но, иако е врвно платена, работата е многу тешка и напорна.

Џемa Халберт, која е шефица на една луксузна јахта веќе седум години, вели дека во текот на нејзината работа сретнала прекрасни гости и луди барања.

- Еден гостин на пример, сакаше да се бања во половина наполнета када со жешка вода, во која додаваше половина шише вода од скапиот бренд „Фиџи“ и половина шолја масло за бебе. По бањањето, чистењето на кадата беше речиси невозможно - се присетува Халберт. Како што вели таа, имала и гостинка која ја испраќала со авион во САД по нејзината торбичка од „Хермес“ за да може да ја носи на гламурозен настан во Монако.

Челзи Нилсен е домаќинка на јахта и инструктор по јога.

- Гостите се неверојатно навикнати на луксуз. Научени се некој да се грижи за нив секој ден, по цел ден. Имаат големи очекувања, но често се и благодарни - вели таа и објаснува дека лесно прави разлика меѓу некој што доаѓа од семејство од кое наследил пари и „новопечен“ богаташ.

You know what rhymes with Friday? Wine. 🍷 I’m raising a glass to a crazy productive week! . A heartfelt thank you to everyone who messaged me after watching my stories today 💙 It’s so exciting to be able to share more of the training we do onboard! {I save everything to the STEW TIPS highlight reel if you ever want to rewatch!} . Speaking of training, part 2 of our collaboration wine series with @kimschmidtke_ is now live! She’s sharing everything there is to know about decanting. 🙌🏻🍷 {link in bio} Happy Friday everyone xo . . . . . #yachtie #stewardess #lux #luxurylife #sunshine #nautical #ocean #yachting #superyacht #yachtieworld #travel #travelbug #stewardesslife #summertime #communityovercompetition #eventplanner #nautical #yachtstew #yachtstewardess #chiefstew #yachtchiefstew #yachtieworld #superyachtcontent #yachtieworld #lovemyjob

A post shared by Yacht Chief Stew • Gemma (@theyachtstew) on

- Често ме прашуваат кои славни личности сум ги запознала и колку јахти имаат тие. Но, животот некако ме научи дека бизнисмените подобро раководат со парите или имаат повеќе интерес за јахти и сакаат да вложуваат во вили на вода - вели Нилсен.

Повеќето домаќинки потпишуваат договор во тајност, а како што вели Нилсен, тоа е во ред и е знак на доверба и почит. Се работи 13 часа на ден, иако тие мора да бидат подготвени да реагираат секоја секунда, секој ден.

- Како хирурзи сме - се шегува Нилсен, која во теорија има двочасовна пауза во текот на денот, и девет часа во текот на ноќта. Нејзината работа вклучува сѐ - од одржување на јахтата, сервирање појадок, ручек и вечера, до забавување на гостите и часови по јога.

Вели дека ни минута не поминува на топлото карипско и медитеранско сонце бидејќи денот ѝ се состои од чистење, чистење и чистење во задниот дел.

- Влегуваме во кабините и бањите каде што мораме да го исчистиме секое делче од козметиката на гостите да изгледаат како нови, без разлика дали станува збор за пудра, шише со течност за чистење на лицето или нешто трето. Чистиме со стапчиња за уши - вели Нилсен и додава дека секогаш со себе носи влажни марамчиња со кои го брише апсолутно секое место што ќе го допре некој за да не се видат отпечатоци. Огледалата ги чистат така што го вклучуваат блицот од нивните мобилни телефони и бараат отпечатоци на огледалото.

- Ако гостинот влегува во кабината и седнува на креветот, штом ќе излезе од собата, ние влегуваме и повторно го местиме креветот, а истата секунда откако ќе излезе од бањата, ние влегуваме да исчистиме - велат домаќинките, кои не знаат што да прават со парите што ги заработуваат.

Покрај тоа, тие мора да знаат како да прават коктели, да комбинираат вино со риба и кавијар, да сервираат храна, да разговараат за јахтата и други работи.

Традиција е 10 отсто од цената на јахтата да остане како „бакшиш“ за екипажот, па секој член на екипажот на секои три месеци добива најмалку уште 2.000 долари.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот