X
 28.05.2020 Технологија

Во Чешка ќе биде изградена куќа со 3Д-печатач за 48 часа

Првата 3Д-печатена куќа во Чешка ќе биде изградена наредниот месец, и тоа за 48 часа. Куќата ќе има три соби и ќе покрива простор од 43 квадратни метри.

Таа ќе биде изградена слој по слој со помош на роботска рака која се користи во автомобилската индустрија. Оваа алатка ќе го поставува специјалниот бетон, а ѕидовите ќе бидат испечатени со внатрешни и надворешни слоеви. Помеѓу нив ќе има материјал за изолација.


Фото: Prvok Od Burinky

Бетонот ќе биде цврст за помалку од 24 часа, а од компанијата велат дека бетонот ќе биде цврст како мост за 28 дена. Структурата и материјалите може да се користат до 100 години.

Куќата ќе биде изградена на пловечка површина. Неговите асиметрични ѕидови ќе покажат како би можеле да изгледаат домовите во иднината.


Фото: Prvok Od Burinky

Се претпоставува дека производството на оваа структура ќе создаде 20% помалку јаглерод диоксид од градба со еднаква големина изградена со цигли. Освен тоа, изградбата на овој дом ќе произведе значително помалку отпад.


Автор: Лоз Блејн
Извор: newatlas.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија