Некогаш бил луксузен брод, но времето си го направи своето.
Бродот на Тито - „Јадранка“ бил изграден во бродоградилиштето „Краљевица“ во 1977 година за потребите на Јосип Броз Тито - бил долг 34 метри, широк 8 метри, а можел да смести 40 гости со 14 члена на екипажот. Бродоградилиштето е затворено веќе 6 години, а јахтата „Јадранка“ се продава за 80.000 евра. Ако не се најде купувач, бродот ќе заврши во отпад.
Фото: JNA-SFRJ.Forumbo.net
Двата големи дизел-мотори со брзина до 25 јазли повеќе не се во состојба да пловат, а за да заплови бродот на Тито, во него треба да се вложат многу пари, па затоа црногорската влада му дава последна шанса - некој да го купи.
По распадот на Југославија, „Јадранка“ останала на пристаништето во Бар. Некое време ја користел државниот врв на Црна Гора. Во
јахтата не било инвестирано ништо, а и постоела опасност да се распадне при извлекувањето од морето. Иако тоа поминало без проблем, за некогашниот луксузен брод не можело да се направи ништо.
Фото: Paluba.Info