По успешното официјално претставување на новата мобилна апликација и кампањата „Таму кај што си“, ПроКредит Банка докажа дека нејзината посветеност кон човечкиот пристап не е само маркетинг-концепт, туку вистинска корпоративна култура која го вреднува тимот што стои зад брендот. Затоа што луѓето се најважни, ПроКредит организира едно поинакво доживување наменето за тимот кој неуморно стои зад иновативните процеси и активности кои го поместуваат банкарството во Македонија на едно поинакво ниво.
Во релаксирана и пријатна атмосфера, надополнета со пуканки, пијалаци, симболични награди за тимот, доделување признанија и неформално дружење, вработените имаа ексклузивна можност да уживаат во специјално организирана проекција на носечкиот видеоспот од новата кампања „Таму кај што си“.
Наместо стандардна презентација на продуктот, главниот фокус беше ставен на прославата на тимскиот дух и заедничкиот успех. Во центарот на вниманието беа токму вработените кои неуморно работеа на развојот и имплементацијата на новата мобилна апликација и креирањето на едно ново, современо и поинакво искуство овозможено за сите постојни и нови клиенти. Во знак на искрена благодарност за нивниот труд, ентузијазам и посветеност, банката им додели специјални благодарници на членовите на тимот кои имаа клучен придонес во реализацијата на овој значаен проект.
-За нас, дигитализацијата не го заменува човечкиот пристап, туку го прави уште поблизок и повреден во вистинските моменти. Оваа мобилна апликација, заедно со промотивната кампања како еден пакет е заедничко дело на сите нас, па сосема природно беше преку еден ваков, неформален настан заедно да го прославиме новото дигитално поглавје за нас, нашите постојни и идни клиенти и за дигиталното банкарство во Македонија - порачуваат од менаџментот на ПроКредит Банка.
Со ваквиот пристап ПроКредит Банка уште еднаш потврдува зошто е еден од најпосакуваните и најпосветените работодавци на пазарот.
Грижата за вработените, препознавањето на нивната посветеност и градењето отворена култура покажуваат дека банкарството може да биде современо и поинакво – со вистински човечки пристап. Затоа што технологијата има вредност само кога создава решенија од луѓе за луѓе.
(Комерцијална објава)