Патниците на еден комерцијален лет имаа ретка можност да го проследат лансирањето на првата мисија на НАСА со екипаж кон Месечината по повеќе од половина век.
Летот 1784 на „Делта ерлајнс“ патувал од Костарика кон Атланта, кога патниците успеале да го забележат спектакуларното полетување на мисијата „Артемис II“.
Станува збор за историска мисија бидејќи ова е првпат по 1972 година луѓе повторно да се упатат кон Месечината. Мисијата ќе трае околу 10 дена и испрати четворица астронаути да ја обиколат Месечината и да се вратат на Земјата, без слетување.
Астронаутите ќе патуваат со вселенското летало „Орион“, лансирано со моќната ракета „Спејс ланч систем“, при што ќе се тестираат системите за животна поддршка и технологиите потребни за идни мисии.
Мисијата има и историско значење поради екипажот затоа што меѓу членовите се наоѓаат првата жена и првата личност со различна етничка припадност што ќе патуваат кон Месечината, како и првиот астронаут од Канада што е дел од ваква мисија.
Главната цел на програмата „Артемис“ е долгорочно враќање на луѓето на Месечината и подготовка за идни мисии кон Марс.
Погледнете го видеото направено од патниците во авионот.
Фото: Screenshot/BBC