Додека вие се обидувате да ги изгубите килограмите добиени поради пандемијата, некои компании се збогатуваат од тоа.
Од март минатата година луѓето се лишуваат од многу работи поради пандемијата, а многумина имаат финансиски проблеми или останале без работа. Многумина станаа анксиозни и депресивни, а како што се гледа крајот на пандемијата, индустријата за диетална исхрана се обидува да профитира, пишува „Њујорк тајмс“.
Желбата да се намали тежината е шанса за зголемување на добивките на индустријата за диетална храна. Во последните недели и месеци компаниите што продаваат програми за губење на килограмите забележале зголемување на продажбата.
Фото: Pixabay
Апликацијата што нуди планови за исхрана „Нум“, која чини најмалку 59 долари месечно, била преземена речиси 4 милиони пати во САД во последната година и е една од најпреземаните апликации од овој вид. Компанијата „Медифест“, која нуди планови за губење на телесната тежина, оваа година очекува приходи двојно поголеми од оние во 2019 г.
Очигледно побарувачката е толку голема што на платформите за е-продажба се водат војни за купување ваква храна, иако за неа се чека повеќе од вообичаеното. Индустријата за здрава храна била вредна 61 милијарда долари минатата година.
Фото: Pixabay
Многу од овие компании повеќе не го користат зборот „диета“, туку сега ги примамуваат корисниците со зборови како „здравје“ и „велнес“.
Сепак, критичарите на овие компании и нивните програми велат дека иако многумина навистина ќе ја изгубат посакуваната телесна тежина доколку ги следат плановите, за многумина тоа ќе биде привремено бидејќи по одреден период повторно ќе ја вратат тежината.
Сузан Робертс, професор по исхрана на Универзитетот „Тафтс“ вели дека проблемот со програмите е што тие не ги учат луѓето како да јадат кога програмата ќе заврши.
Автор: Џули Кресвел
Извор:
nytimes.com