„Добриот наставник, како добар забавувач, прво треба да го привлече вниманието на публиката, а потоа може да ја предава лекцијата“ - Џон Хенрик Кларк
„Образованието е клуч до успехот во животот, а наставниците имаат долготрајно влијание врз животот на нивните ученици“ - Соломон Ортиз
„Секое дете во својот живот треба да има возрасен човек кој ќе се грижи за него, а тој не е секогаш биолошки родител или член од семејството. Може да биде пријател или сосед. Често, тоа е нивниот наставник“ - Џо Манчин
„Секој кој го помни своето образование, ги помни своите наставници, а не методите или техниките. Наставникот е срцето на системот“ - Сидни Хук
„Подобро од илјадници денови вредно учење е еден ден поминат со добар наставник“ - Јапонска поговорка
„Наставникот влијае врз вечноста; само тој/таа може да одлучи каде ќе застане неговото/нејзиното влијание“ - Хенри Адамс
„Професијата во образованието придонесува повеќе за иднината на општеството од било која друга професија“ - Џон Вуден
„Ако имате некој кој треба да го ставите на пиедестал, ставете ги наставниците. Тие се херои на општеството“ - Гај Кавасаки
„Повеќето од нас немаат повеќе од пет или шест луѓе кои ги помнат. Наставниците имаат илјадници луѓе кои ги помнат во текот на целиот живот“ - Енди Руни
„Наставникот е компас кој ги активира магнетите на љубопитноста, знаењето и мудроста кај учениците“ - Евер Гарисон
„Можете да предадете лекција еден ден; но ако можете да предавате со создавање креативност, тогаш учењето ќе биде долгорочен процес во текот на целиот живот“ - Клеј П.Бедфорд
„Должник му сум на татко ми затоа што живеам, но должник му сум на мојот наставник затоа што живеам добро“ - Алехандро Магно
„Добар наставник знае да создаде надеж, да ја вклучи имагинацијата и да инспирира љубов кон учењето“ - Бред Хенри
„Врховната уметност на наставникот е да предизвика интерес во креативното изразување и знаење“ - Алберт Ајнштајн
„Наставниците можат да ги променат нашите животи со соодветна мешавина од креда и предизвици“ - Џојс Мејер
„Наставниците инспирираат, забавуваат и учениците завршуваат учејќи многу од нив иако тие не забележуваат“ - Николас Спаркс
„Верувам дека одличниот наставник е одличен уметник и како такви се малку, исто како што постојат малку уметници. Предавањето е една од најголемите уметности бидејќи неговиот пат е човечкиот ум и дух“ - Џон Стеинбек
„Работата на модерниот наставник не е да сечи шуми, туку да ги наводнува пустините“ - Клајв Стејплс Луис