Општата регулатива за заштита на личните податоци (The General Data Protection Regulation - GDPR) стапи на сила на 25 мај 2018 година, со цел унифицирање на заштитата на личните податоци на граѓаните и жителите на ЕУ во дигиталната ера. Истата обезбедува правна заштита за 510 милиони граѓани на ЕУ кај сите компании и институции што работат со нивните лични податоци, без оглед каде се наоѓаат. Особено значајно е да се истакне дека GDPR се применува за секоја компанија во која се работи со лични податоци на европски граѓани. Значи, без оглед на тоа каде се наоѓа компанијата, ако работи со лични податоци на европски граѓани, тогаш треба да има Офицер за заштита на лични податоци и да ги исполнува начелата на регулативата. Обврска за усогласување со регулативата е задолжителна кај компаниите чии дејности и процеси вклучуваат обработка на лични податоци во секојдневното работење, како што се банки, осигурителни друштва, здравствени установи, туристички агенции, маркетинг компании, хотели, IT компании и многу други.
Меѓу начелата и барањата на новата регулатива е проширената работна позиција Офицер за заштита на лични податоци, една од најатрактивните работни позиции која ќе биде актуелна и во наредните години. Офицерот за заштита на личните податоци воведува нов концепт во рамките на Европската унија, што значи дека компаниите ќе мора да отворат нова работна позиција со полно работно време, која ќе биде одговорна за тековните обврски согласно начелата на GDPR. Улогата на Офицерот за заштита на лични податоци е да ја усогласи и подржува обработката на личните податоци во компанијата со начелата и барањата на GDPR.
Образовните квалификации кои се потребни за работната позиција Офицер за заштита на податоци не се директно поврзани со еден вид на високо образование. Кратката анализа на социјалната мрежа LinkedIn покажа дека 40% од офицерите за заштита на лични податоци имаат едукација од областа на информатичка технологија, 25% од областа на правото, 20% професионалци за информатичка безбедност и 10% експерти за усогласување на регулативи и стандарди. Со стапувањето на сила, регулативата предизвика голема побарувачка за таков кадар за кој компаниите обезбедија солидни плати за таа работна позиција. Резултатите на интернет пребарувачот Google покажуваат многубројни вакви работни позиции отворени кај компании низ целиот свет.
Работната позиција е доста атрактивна и посакувана, затоа што платите се солидни, GDPR дава право да се користи секој ресурс кој е потребен, обезбедена комуникација со највисоко менаџерско ниво, без директна одговорност за усогласеност со GDPR и заштита од отпуштање доколку кривицата за не усогласување со GDPR не е кај Офицерот.
Република Македонија во процесот на усогласување на законодавството со европската регулатива ќе мора да ги усвои промените на законот за заштита на лични податоци и да се усогласи со GDPR, тоа значи дека заштитата и правото за приватност ќе бидат зајакнати и за македонските граѓани.
Piperevski andAssociates ќе ја организира првата напредна петдневна обука за „GDPR практичар и припрема за Офицер за заштита на личните податоци“, која е планирана да се одржи од 17 до 21 декември 2018 година. Сите заинтересирани лица може да добијат повеќе информации
http://www.piperevski.com/r00t/GDPR_Training.pdf.
Автор:
Горан Велески
Експерт за заштита на лични податоци согласно GDPR
Piperevski / Associates
Комерцијален текст