X
 27.02.2020 Живот

Средношколец го изненадил наставникот: Дајте му ги моите бонус-поени на тој што ќе има најмалку на тестот

Постојано сме сведоци на ривалства. Ривалството е често во бизнисот, спортот и во другите организации, а не се исклучок ниту училиштата. Токму на училиште учиме дека конкуренцијата нè тера подобро да правиме одредени работи, но ретко нè учи да им помагаме на другите. Затоа, изненадувачки е кога наидуваме на деца што избираат да бидат добри кон другите наместо да работат напорно за да бидат најдобри.

Неодамна наставникот по историја Винстон Ли од Кентаки на социјалните мрежи сподели тест со порака напишана од еден од неговите ученици. Имено, одличен ученик го замолил наставникот да му ги даде неговите 5 бонус-поени на ученикот во класот што ќе има најмалку поени. Иако овој ученик имал шанса да добие 99 поени на тестот, со давањето на дополнителните поени тој одлучил да покаже добрина кон некој на кој тие поени повеќе му се потребни.

- Ова момче е неверојатно. Имавме големи политички дебати во одделението годинава, а тој секогаш дава одличен и интелигентен придонес во нив - рече наставникот по историја.

ucenik
Фото: Facebook

- Учениците играа и интерактивна игра со која го ревидираа материјалот, во обид да освојат поени одговарајќи на прашања во врска со содржината од тестот. Секако дека тој беше одличен и заработи 5 бонус-поени - додава Ли.

Наставникот одлучил да го исполни барањето на ученикот. Овој чин на љубезност му помогна на соученикот да го положи тестот.

- Без сомнение станува збор за необична ситуација, но поените се негови и тој посака да ги подари некому - рече наставникот.

- Ученичката беше благодарна за мистериозните поени и јас се надевам дека таа некако ќе му се оддолжи. Друго прашање е: Дали ова е правилна постапка од моја страна? Не сум сигурен. Дали предавањето и водењето на едно одделение со сочувство, љубов, љубезност е погрешен одговор? - вели наставникот.

Извор: Bored Panda
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот