Тие се родени од 2010 година па наваму. Според некои податоци на секоја недела дена има за 2.5 милиони повеќе. Тие ќе живеат во сосема поинаков свет. Нема да знаат што е тастатура, нема да знаат што е батерија која се празни после еден ден, нема да живеат без паметни телефони, а своите мисли ќе ги пренесуваат онлајн за една секунда. Футуристите и демографите велат дека историјата на светот никогаш толку драматично нема да се промени како во текот на нивниот живот.
Најважната економска сила денес не е Америка, ниту Русија, ниту Кина. Не е тоа некоја географска област, сојуз, наднационална структура или движење. Тоа се бебињата со ајфони. Така барем тврди „Goldman Sachs“. Генерацијата која доаѓа и поради која економистите, трговците на мало и големо, истражувачите и аналитичарите мораат уште сега да замислуваат како свет ќе создаваат овие деца родени после 2010 година, во спротивно ќе исчезнат заедно со старите компјутери. Тоа ќе биде првата генерација која за планетата ќе направи многу повеќе од досега, уште од почетокот на цивилизацијата. Ова е првата генерација која ќе го доживее 22 век, која ќе ги доживее климатските промени од кои стравуваме и ќе биде во можност да оствари влијание какви што немале ниту нивните предци кои го промениле светот после светските војни, „бејби бум генерацијата“. Тоа е „алфа генерацијата“.
Милениумската генерација е веќе минато. На власт доаѓаат најстарите од „генерацијата З“, родените после 1998 година, кои влегуваат во нивните формативни години и чие влијание се зголемува. Родени со ајфони во рацете, „генерацијата З“ е првата генерација на дигитални домородци. Најстарите сега одат на факултет или во канцеларија, а наскоро ќе бидат побројни од нивните милениумски претходници. Тие се први во низата која драстично ќе го промени светот. Одгледани од „генерацијата Х“, во текот на сериозната економска криза и акумулацијата на долговите; социо-економската тензија и војните во светот, овие млади станаа помалку идеалисти и повеќе прагматици во однос на погледот на светот. Ова ќе биде најразличната и најразновидната генерација досега. „Генерацијата З“ ќе ја надмине расата, полот и сексуалната ориентација.
Токму поради акулумираните долгови, нешто што уништи многу милениумци, „ген З“ ќе биде многу повеќе финансиски конзервативен - истражувањата покажуваат дека веќе 46% од нив се загрижени пораги долговите. Тие на многу начини се само помлада верзија на своите родители бејби бумери, со малку поголемо дигитално влијание и многу повеќе долгови.
Футуристите и демографите на чело со Марк Мекриндл, веќе ги нарекоа овие деца „Алфа генерација“.
„Во минатото, поединецот немаше вистинска моќ“, вели Мекриндл.
Сè започнало кога Мекриндл и неговите соработници се запрашале што следува после З. Пред околу 10 години, истражувачите од испитаниците побарале да измислат потенцијални имиња за своите и наредните генерации. Излезе името алфа и делувало одлично. После исцрпување на латиницата, се премина на грчката азбука. Никој не предложил „gen tech“ или „next gen“ или „дигитални домородци“. Алфа стана синоним за нов почеток, за превласт и нови достигнувања.
Секој под пет години спаѓа во категоријата алфа, а секој кој ќе биде роден во наредните петнаесет години, што е вообичаен распон за генерација. За разлика од претходните, кои користеа поедноставна технологија, „Алфа“ најголем дел од нивните формативни години ќе ги поминат целосно поврзани со неа.
Оваа генерација првпат ќе комуницира преку технологија на најрана возраст од било која друга генерација пред нив. „Тие не размислуваат за оваа технологија како за алатка. Тие ја интегрираат во своите животи“, вели Мекриндл.
Нема да се менува само технологијата и климата, ќе се менуваат многу работи и затоа е тешко да се предвиди апсолутната насока кон која цивилизацијата може да оди. Но, дефинитивно промената во демографијата исто така ќе се покаже како главен фактор за оваа генерација. Така на пример, предвидувањата на ОН велат дека во 2029 година Индија ќе ја надмине Кина според бројот на жители. И светот ќе биде вмрежен. Токму тоа ќе направи генерациското етикетирање да не биде само феномен на Западот, како што тоа беше во минатото, во текот на „бејби бум“, создаден после Втората светска војна. Во текот на генерацијата Индија и Кина ќе станат центри на гравитација, особено откако Кина ја напушти политиката на едно дете, после 35 години. Ќе се создаде уште поголем јаз помеѓу Алфа и децата од земјите кои не евидентирале технолошки развој. Со подобра технологија и поголем број луѓе кои го поттикнуваат нејзиниот раст, ќе се заменат некои од традиционалните источни вредности за глобални идеи.
Оваа нова клима на поврзување ќе направи скокот од „Ген З“ на „Алфа“ да биде најголем во историјата, поголем и од „бејби бумерите“ до „Генерацијата Х“ која го доживеа пронаоѓањето на компјутерите. За бејби бумерите, последните модели на компјутери и понатаму претставуваат машините за работа.
Така, светот ќе се промени до ниво за кое не можевме да сонуваме дури ни во новото дигитално време, на земјата ќе пристигнуваат нови генерации. Што кога ќе дојдеме до крајот на алфабетата? Ќе стигнеме до омега - крајот. Можеби тоа ќе биде последната
генерација некогаш, ако Стивен Хокинг е во право.