Крими-серијата на „Нетфликс“ со наслов „Најлошиот поранешен некогаш“ беше објавена на 28 август и не ѝ беше потребно долго време за да ја надмине новата сезона на „Емили во Париз“ и шпанската драма „Несреќата“, и да го заземе првото место насекаде во светот.
Серијата документира четири врски што се нарушиле поради насилни партнери и партнери што изневеруваат. Серијата раскажува приказни преку интервјуа со преживеани, семејства на жртвите и истражувачите. Режисер на серијата е Синтија Чајлдс.
- Од грозоморни предавства до заговори за убиства, оваа документарна серија ја прикажува темната страна на љубовта преку изјави на очевидци - е синопсисот на серијата од четири епизоди. Секоја епизода опишува една врска која завршила фатално.
Гледачите веќе ги споделија своите впечатоци од документарната серија. Еден интернет-корисник вели дека ги изгледал сите четири епизоди одеднаш, а акцент става на втората епизода.
Првата епизода се вика „Излегување со ѓаволот“ и се фокусира на Џастин, која упатува повик кон пријателката, што започнува низа настани меѓу кои и полициски лов по нејзиниот партнер.
Следната епизода се вика „Изневерена од значката“, во која се појавува Симон, која го лаже својот дечко Џери, а кога тој раскинува со неа, работите излегуваат од контрола. Третата епизода се вика „Убиство за старателство“, а се фокусира на Роуз и нејзиниот поранешен сопруг Ерик и нивната битка за старателство.
Последната епизода се вика „Во брак со чудовиште“ и се фокусира на бракот на Аманда и Кевин, кој на почетокот изгледа совршено. Но, по разводот откриен е страшен заговор на убиството.
Режисерката на оваа документарна серија ја режира и серијата „Најлошиот цимер досега“, чија прва сезона беше објавена во 2022 година и веднаш стана голем хит.
Втората сезона беше објавена во јуни оваа година и содржи четири нови застрашувачки искуства кои луѓето ги имале со своите цимери.
Извор:
Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube