X
 07.06.2017 Здравје

Неколку причини зошто чувствувате постојан умор

Дали Ви се случува често да спиете, или да сакате да спиете? Има многу причини зошто така се чувствувате: начинот на живот, колку се движите, што внесувате во себе итн.

Секако, постојат и медицински причини. Прочитајте дали се пронаоѓате:

Начин на живот

Најпрво треба да размислите дали причината за постојаниот умор е во Вашиот начин на живот, што значи да ги преиспитате животните навики пред да правите други промени.

Седење – со вежбање се троши енергија и сте поуморни, при што сигурно сте дошле до заклучок дека со седење таа се чува. Но ова е сосема погрешно, затоа што постојаното седење води до уште поголем умор.

Кофеин – некои луѓе не функционираат без утринско кафе и тоа не е лошо затоа што кофеинот го блокира неуротрансмитерот аденозин кој не прави поспани. Но затоа треба да не пиете кафе пред да одите на спиење.

Медицински причини

Многу медицински причини можат да предизвикаат умор. Дијагнозите препуштете им ги на струќнаците ако сметате дека една од овие работи е причина за Вашиот умор.

Анемија – анемијата се случува поради недостаток на црвени крвни зрнца кои до органите ги носи кислородот. Недостатокот од кислорот предизвикува умор, а резултатот може да биде помало производство на еритроцити или друг проблем.

Апнеа – прва работа која е важна наутро е дали сте спиеле цела ноќ или се чувствувате како воопшто да не сте спиеле. Апнеата се случува додека спиеме и кога се менува ритамот на дишење, па се појавува хрчење, а почеста е кај мажи и луѓе со вишок килограми. Таа може да доведе и до утрински главоболки, несоница, промена на расположението итн.

Нарушување на штитната жлезда – штитната жлезда ги произведува хормоните кои одредуваат како се користи енергијата која телото ја создава со внес на храна: контрола на метаболизмот, работа на срце, мускули, коски и холестерол. Пореметувањето на нејзината работа може да влијае на тоа да сте уморни, можеби се работи за хипотироидизам, но оваа состојба се лечи со лекови.

Психолошки проблеми – две психолошки состојби може да доведат до постојан умор: депресија и анксиозност. Депресијата е многу повеќе од она за што луѓето секојдневно го користат овој израз. Луѓето со оваа состојба освен што се уморни, често имаат чувство на вина, неодлучност, разочарување и се со суицидни мисли. Тие се повлекуваат и бегаат дури и од најблиските, а ништо што прават не им причинува задоволство. Анксиозноста е предизвикана од секојдневен стрес, од работа, врски, финансиски грижи и сл. Таа води до умор и предизвикува несоница. За овие две состојби за жал нема брзо и лесно решение и треба да се консултирате со стручни лица.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје