Оваа вежба, доколку се практикува редовно, ќе ви помогне да се ослободите од болката и неудобноста во 'рбетот и ќе ви даде совршено држење на телото. За оние кои работат во канцеларијата или некој друг што седи многу вежбата ќе биде од голема помош.
Како се прави вежбата?
Легнете на стомак и ставете го вашето чело на перница. Ставете ги рацете така што ќе бидат во паралелна позиција до вашето тело, а дланките притиснете ги до бутовите. Исправете ги вашите лакти. Нозете притиснете ги една до друга, а вашите прсти треба треба да бидат малку спуштени.
Издишете - Кренете ја главата, градите и горниот дел од стомакот, додека рацете и нозете ќе ви бидат во иста позиција.
Вдишете - Полека вратете се во почетната позиција. Повторете ја вежбата 10 пати.
Колку често треба да ја правите?
Се препорачува вежбата да се прави 3 пати неделно. Со тоа ќе почувствувате подобрување во мускулите, грбот и стомачните мускули. Вежбата позитивно ќе влијае врз функциите на внатрешните органи, а ќе се чувствувате и доста подобро.