X
 07.06.2019 Наука

Најдобар начин да се извините според научниците

Дали некогаш сте се обиделе да се извините некому, но едноставно сте ја влошиле работата? Сите сме се соочиле со ваква ситуација.

Грешките се дел од нашето секојдневие и кога тие влијаат врз луѓето околу нас, правиме сè што можеме за да ги подобриме. Но, многу од нас тоа го прават погрешно. Сигурно сите би сакале да откриете кој е најефективниот начин да се извините некому.

Неодамнешно истражување покажува шест клучни чекори за ефикасно извинување, а сите вклучуваат проголтување на гордоста. Многумина мислат дека извинувањето е едноставно и може да се постигне со зборовите: „Жал ми е“ или „Извини“, но не е толку едноставно.

Што правиме погрешно? Зошто е толку важно да ги признаеме нашите грешки? И како можеме да бидеме сигурни дека нашето извинување е искрено?

Кога извинувањето ќе тргне наопаку, може да има долготрајни последици. За среќа, Рој Луитски, професор од Државниот универзитет во Охајо, во 2014 година направил два експерименти за да открие кој е совршениот рецепт за ефикасно извинување.

На 755 доброволци им претставил сценарио за прекршување на довербата, каде што хипотетички вработен се обидувал да добие прошка. На волонтерите им биле понудени низа извинувања и од нив било побарано да ги рангираат врз основа на нивната сила.

Користејќи ги резултатите, истражувачите успеале да идентификуваат шест критични состојки за извинување што изгледаат внимателно и искрено:

1. Мора да постои израз за жалење: на пример, дајте му до знаење на пријателот дека се чувствувате лошо што сте ја откриле неговата тајна.

2. Објаснување за тоа што тргнало наопаку: објаснете дека мислевте дека ја кажувате тајната на некој што мислевте дека веќе ја знае.

3. Признавање на одговорноста: ставете до знаење дека не измислувате изговори, дека ова е ваша грешка, без оглед на контекстот.

4. Декларација за покајување: убедете ги дека ова нема да се случи повторно. Нема повеќе претпоставки кога станува збор за тајни.

5. Понуда за поправка: Кажете им дека ќе се осигурате тајната да не се шири понатаму.

6. Побарајте извинување.

Најдоброто извинување ги вклучува сите шест елементи, но ако не можете да ги вклучите сите, постојат некои што се поважни од другите. На пример, двете најефективни се признавање на одговорноста и понуда за поправка на проблемот. Признавањето дека сте направиле грешка брзо го почнува процесот на простување и го исклучува проблематичното обвинение на жртвата.

Секој може да ги каже зборовите „жал ми е“, но кога предлагате решение, ќе покажете посветеност да преземете дејство за да ја поправите направената штета.

Истражувачите истакнуваат и дека извинувањето не е само она што го кажувате, туку и како го кажувате. Размислете за тоа кога некој ќе ви се извини лично, на телефон, преку видео е многу поефикасно отколку преку писмо или текстуална порака. Личното извинување нуди контакт со очите, говор на телото и интонација, а тие работи се поважни од зборовите.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука